Чеферин најави револуција во репрезентативниот фудбал – Лига на нации со Бразил, Аргентина..!

фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во интервјуто за „Глобо“ потврди дека европската фудбалска куќа сака да создаде Лига на нации во која ќе играат селекции од Јужна Америка.

Така, во иднина можно е репрезентацијата на Македонија во Лигата на нации да игра против врвни светски селекции како Аргентина, Бразил, Еквадор, Колумбија… Ова не е исклучено, а идејата ја претстави Чеферин.

Претседателот на УЕФА призна дека „вистинската“ опција е јужноамериканските репрезентации да се приклучат на Лигата на нации во блиска иднина.

– По создавањето на Лигата на нации, нашите репрезентации повеќе не играат толку пријателски натпревари. Големите тимови не играат против Бразил, Аргентина и Уругвај. И ни велат дека би сакале да играат. Тоа би било многу добро – рече Чеферин.

На Јужноамериканците им е потешко да играат против европски селекции на Светските првенства бидејќи имаат различни стилови на игра. Чеферин изјави дека имаат 10 репрезентации во Јужна Америка и 55 во Европа, кои често играат една против друга.

– Можеби тоа е една од причините зошто европскиот фудбал доминира на Светското првенство од 2006 година – вели Чеферин.

Затоа, Чеферин го потврдува она што во декември го изјави поранешниот претседател на полската фудбалска федерација, а сега потпретседател на УЕФА, Збигњев Бониек. Во интервјуто за порталот „meczyki.pl“, тој откри дека тимови од Јужна Америка ќе се приклучат на Лигата на нации од 2024 година. Ваков интерконтинентален турнир би се одржувал на секои четири години.

Оваа натпреварувачка формула би била одговор на плановите на ФИФА Светското првенство да се одржува на секои две, наместо на секои четири години. КОНМЕБОЛ и УЕФА се противат на таквата идеја, и за нив и „Минимундијал“ и Лигата на нации со европски и јужноамерикански репрезентации би било полн погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот