Чаир тврди дека МЗТ Скопје го измислил инцидентот

Фото: Screenshot

МЗТ Скопје вчера ја информираше јавноста дека натпреварот против тимот на Чаир беше прекинат на полувремето поради инцидент во кој неофицијални лица ги нападнале тренерот и кошаркарите на клубот од Аеродром. Но, домаќинот на натпреварот излезе со сосема поинакво сооопштение.

Во соопштението по повод прекинот на дербито од 20. коло во салата „Шабан Трстена“, Чаир тврди дека немало инцидент и дека атмосферата била одлична.

„Одличен натпревар со одлична атмосфера, полна сала и вечер која долго ќе остане во нашето сеќавање бидејќи се потврди дека Чаир е храм на спортот. Кога во прашање се лажните информации кои се појавија во јавноста целосно демантираме. Натпреварот се снима од сите агли и од многу медиуми. Таканаречениот „инцидент“ е измислен е од противничкиот тим во моментите кога губат, тие објавија нереални работи. Гарантираме дека немаше физички контакт во ниту еден момент“, стои во соопштението од тимот на Чаир.

Натпреварот беше прекинат на паузата помеѓу двете полувремиња бидејќи кошаркарите на МЗТ во страв за својата безбедност одбија да се појават на теренот.

Прекинат мечот во Чаир, нападнати тренерите и кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот