Цените на јагленот во Европа и Азија достигнаа рекордно ниво

Фото: МИА

Цената на јагленот достигна рекордно ниво на азиските пазари и за прв пат надмина 400 долари за тон, објави Блумберг, повикувајќи се на информации од IHS Markit.

Според агенцијата, спот цените на јагленот во австралиското пристаниште Њукасл во петокот достигнале 402,5 долари за тон. Блумберг поскапувањето на јагленот го објаснува поради недостигот на гориво на светскиот пазар.

Во меѓувреме, пратката јаглен испорачана во Европа во јули беше продадена во петокот за 421 долар за тон, што е историски максимум за регионот, соопшти агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот