Цената за купопродажба на струјата ќе стане јавна

Далновод енергетика енергетска политика струја
Струја / Фото: МИА

Се проценува дека најважната придобивка е што не ќе можат да се монополизираат ценовно-чувствителни информации, дека ќе заврши времето на договори во четири очи и богатењето на сметка на тајните во бизнисот со струја.

Националниот оператор на пазар за електрична енергија (МЕМО) ќе формира берза што треба да овозможи конечно и во Македонија да има транспарентни и јавно објавени цени за купопродажба на струја за секој час во текот на едно деноноќие.

Во Македонија пазарната цена на електричната енергија не е јавна категорија. Цените на пазарот се утврдуваа со билатерални договори помеѓу приватни снабдувачи и потрошувачи или на тендери за државни инстанции на кои понудувачите доставуваа понуди.

Берзата треба да проработи во март идната година. За да реализира оваа цел, која е дел од нашиот евроинтеграциски процес, МЕМО склучи договор со словенечката берза за струја БСП, која има поддршка од најголемата берза во Европската Унија (EPEX). Од словенечката берза МЕМО ќе добие платформи за тргување со струја и за порамнување на финансиските трансакции помеѓу продавачите и купувачите на електрична енергија (т.н. платформа за клиринг).

Берзата, односно вака организираниот пазар за струја треба да гарантира дека купувачот ја добива енергијата, а продавачот парите. Сложениот и високозаштитен алгоритам по ЕУ-стандарди исто така гарантира дека цената ќе биде резултат на сите понуди и сите налози за купување. Се проценува дека најважната придобивка е што не ќе можат да се монополизираат ценовно-чувствителни информации, дека ќе заврши времето на договори во четири очи и богатењето на сметка на тајните во бизнисот со струја.

Квалитативната предност на берзата (МЕМО) ќе биде гарант дека купувачот ќе ја добие платената количина електрична енергија, а продавачот или производителот ќе ги добие парите за кои ја продал. МЕМО ќе ѝ плати на словенечката берза БСП 1,5 милиони евра примена на платформите за тргување со струја. Се претпоставува дека членството на берзата ќе биде доброволно за сите учесници на пазарот на електрична енергија, кои ги исполнуваат условите и ќе имаат депонирани средства. Договорот ќе трае четири години (максимум), а треба да биде применет во првите девет месеци од потпишувањето. Предвидено е берзата на почеток да функционира на национално ниво, а потоа да се поврзе со некоја од соседните берзи за струја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот