Цел ден траат преговорите меѓу БЕГ и Владата, вечерва се очекува да се соопшти договореното

Парно греење, Фото, Архива

Откако вчера БЕГ излезе со соопштение дека уште денеска ќе испорачува топлинска енергија и побара Владата да го преземе топлинскиот систем на оваа компанија сѐ до надминување на кризата, граѓаните очекуваат каков ќе биде исходот од целата ситуација. Од БЕГ велат дека преговорите во Владата сѐ уште траат и се надеваат дека позитивно ќе завршат.

И БЕГ и Владата на РСМ ги разработеа сите достапни сценарија за обезбедување на финансирање, сепак од објективни причини како единствено можно сценарио го гледаме член 33 од Законот за кризи. Член 33 од Законот за кризи и дава на Владата на РСМ легална можност да обезбеди финансирање за потрошувачите на топлинска енергија и за ова не е потребно одземање на лиценците – велат од БЕГ за „Слободен печат“.

Се очекува дека Владата вечерва ќе соопшти за она што е денеска договорено.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот