Бочварски – Радуловиќ: Заедничка заложба за побрза европска интеграција на регионот

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски се сретна со Филип Радуловиќ, министер за сообраќај и пловидба на Црна Гора. Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, на средбата била потврдена соработката помеѓу двете држави и била потенцирана важноста на заедничките заложби за побрза европска интеграција на регионот. На средбата помеѓу двајцата министри, која …

Бочварски – Радуловиќ: Заедничка заложба за побрза европска интеграција на регионот Read More »

Уште една недела кампања: Предизборни условувања, напади и ветувања

Уште седум дена остануваат од кампањата за двојните избори на 8 мај. Партиите калкулираат кој ќе биде победник и кој со кого би коалицирал, некои поставуваат услови, други толкуваат кампањи, трети ветуваат „брда и долини“. Сите со иста цел, да освојат повеќе пратеници и да си обезбедат место во извршната власт. Откако се поизвесно станува …

Уште една недела кампања: Предизборни условувања, напади и ветувања Read More »

ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница одлучи да не го прифати приговорот за гласањето на првиот круг од претседателските избори на 24 април на коалицијата Вреди за гласачкото место 1112/1 во Општина Липково. На предлог на членот на ДИК, Абдуш Демири беше отворен доверливиот избирачкиот материјал од ова избирачко место и притоа, како што …

ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково Read More »

Биљал Касами: Во нашата програма која ќе биде и владина предвидени се уставни измени

Имаме програма која ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени, рече носителот на листата со кандидати од коалицијата Влен/Вреди за Изборната единица 6 и лидер на политичката партија, Биљал Касами во одговор на новинарското прашање за коментар на изјавата на Христијан Мицкоски дека засега немаат добиено услови за …

Биљал Касами: Во нашата програма која ќе биде и владина предвидени се уставни измени Read More »

„Минирањето на „Бехтел и Енка“ е еколошки геноцид кој ќе не остави без вода“ протест на жителите на прилепски Оревоец

Жители на прилепското село Оревоец загрижени за зачувувањето на природното и културното богатство денеска излегоа на протест кај селото Оревоец, спротивставувајќи се на најавените минирања од компанијата „Бехтел и Енка“ кои, според нив, ги загрозуваат четирите извори за вода за пиење за Прилеп и околината. „Деновиве на жителите на селото Оревоец им било најавено за …

„Минирањето на „Бехтел и Енка“ е еколошки геноцид кој ќе не остави без вода“ протест на жителите на прилепски Оревоец Read More »

Нови опции за брза патека на скопскиот аеродром 8 совети како да добиете „брзо“ аеродромско искуство

Лутањето низ аеродром може да биде една од причините што ќе ви одземе повеќе време од патувањето, особено за деловните патници кои често имаат набиена агенда. Еве неколку стратегии кои ќе ви помогнат да го подобрите вашето аеродромско искуство и да се осигурате дека вашето следно службено патување ќе биде и побрзо и попродуктивно: Check-In …

Нови опции за брза патека на скопскиот аеродром 8 совети како да добиете „брзо“ аеродромско искуство Read More »

ФОТО: Во Зоолошката градина Скопје се роди двогрба камила

Во Зоолошката градина во Скопје се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан. – Нашето ново бебе. Во фамилијата Бактријан двогрби камили имаме подмладок, оваа преслатка млада дама, која е второ дете на Карло и Мираи. Се роди на 3 април и по краток карантин со мајката, веќе ужива во пролетните сончеви денови, пишуваат од Зоолошката …

ФОТО: Во Зоолошката градина Скопје се роди двогрба камила Read More »

Во Драчево осветен 63 метарски крст, втор по големина во Македонија

На верскиот празник Цветници, во пресрет на Велигден, денеска беше осветен крстот во Драчево, висок 63,5 метри и е втор по големина во државата. Церемонијата на осветување на крстот ја предводеше поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. На настанот присуствуваат градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, како инвеститор на …

Во Драчево осветен 63 метарски крст, втор по големина во Македонија Read More »

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на најпознатиот македонски драматург Горан Стефановски, преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“ на културно-музичкиот настан „Прослава на животот на Горан Стефановски“ по повод неговиот роденден. Присутните ја проследија и промоцијата на книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски, а …

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски Read More »

Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад?

Конечно се тргна искинатата церада од фонтаната „Воин на коњ“ и започнаа подготовките за нејзино пуштање во функција. Кога тоа ќе се случи, засега е неизвесно, затоа што на тоа прашање не одговараат ниту од Град Скопје, ниту од ЈП „Водовод и канализација“, претпријатието надлежно за одржување на фонтаните. Минатата година фонтаната накратко беше пуштена …

Ќе прсне ли наскоро вода од фонтаната на градски плоштад? Read More »

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц

Во услови кога јавниот автобуски превоз не функционира според потребите на граѓаните, односно на некои линии возилата се нередовни, па се чека и половина час, граѓаните што како алтернатива ги користат услугите на таксистите се жалат дека во Скопје тешко се наоѓа такси и вистинска среќа е диспечерот да ви соопшти дека има слободно возило. …

Скопјани најдобро е да одат пешки – автобусите се нередовни, а ретко кој таксист вози во сообраќајниот шпиц Read More »

Шолц: Крајно време е Црна Гора да стане членка на ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц, на денешната средба во Берлин со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, истакна дека „крајно време“ е Црна Гора да стане членка на Европска Унија и оцени дека е постигнат „голем напредок“ во исполнувањето на стандардите за членство. Вашето доаѓање потврдува дека сме блиски партнери. Крајно време е членството да се оствари, бидејќи …

Шолц: Крајно време е Црна Гора да стане членка на ЕУ Read More »

Шок и гнев во Грција: Само шестмина обвинети за пожарот во Мати прогласени за виновни, 15 се ослободени

За катастрофалните пожари во јули 2018 година во населбата Мати во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во кој загинаа 102 лица,  шест од 21 осомничени се прогласени за виновни, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓу осудените се тогашниот началник на противпожарната служба, неговиот заменик, како и други функционери од службата …

Шок и гнев во Грција: Само шестмина обвинети за пожарот во Мати прогласени за виновни, 15 се ослободени Read More »

Црна Гора наскоро ќе воведе седумчасовен работен ден

Министерката за труд и социјална заштита на Црна Гора, Наида Нишиќ денеска најави дека до крајот на годината во Црна Гора може да се очекува воведување седумчасовно работно време. Таа за Радио Црна Гора изјави дека социјалните бенефиции во иднина ќе бидат поправедни, како и дека нема да има укинување на Фондот на ПИО, туку …

Црна Гора наскоро ќе воведе седумчасовен работен ден Read More »

На Косово попишани околу 900 илјади лица, Србите од северот масовно го бојкотираат пописот

Агенцијата за статистики на Косово (АСК) соопшти дека досегашната четиринеделна работа на терен за Пописот на населението, семејните економии и домувањето во Косово се одвива според планот, јави дописникот на МИА од Приштина. Директорот на АСК, Авни Кастрати на денешната прес-конференција кажа дека досега бројот на попишани е околу 900 илјади лица, поради што е …

На Косово попишани околу 900 илјади лица, Србите од северот масовно го бојкотираат пописот Read More »

Српски ММА борец убиен во Германија, уапсен за убиството е косовски Албанец

Во престрелка во Дизелдорф во неделата наутро, убиен е сопственикот на ресторанот, српскиот државјанин Александар Стефановиќ (38), а за делото е уапсен косовскиот Албанец Рустем Лапи (52). Како што јавуваат германските медиуми, полицијата го уапсила осомничениот пред локалот, а истрагата покренала екипа за истрага за убиство. Според полицијата, пукотниците се случиле околу 02:45 часот во …

Српски ММА борец убиен во Германија, уапсен за убиството е косовски Албанец Read More »

Камерон: Предлогот за примирје во Газа предвидува ослободување на илјада палестински затвореници

Предлогот за прекин на огнот во Газа претставен на Хамас вклучува 40-дневен прекин на огнот и ослободување на илјадници палестински затвореници, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон. „Се надевам дека Хамас ќе го прифати овој предлог“, рече тој, додавајќи дека целиот свет треба да ја повика палестинската група да го стори тоа. …

Камерон: Предлогот за примирје во Газа предвидува ослободување на илјада палестински затвореници Read More »

Финска авиокомпанија суспендира летови кон Естонија поради руско попречување на ГПС сигналот

Финската авиокомпанија „Финер“ соопшти дека еден месец ќе ги прекине своите дневни летови до Тарту во источна Естонија, поради пречки во ГПС сигналот. „Финер“ ќе ги прекине своите дневни летови до Тарту, Естонија од 29 април до 31 мај, за да може да се постави алтернативно решение за слетување кое не бара ГПС сигнал на …

Финска авиокомпанија суспендира летови кон Естонија поради руско попречување на ГПС сигналот Read More »

„Претседателот да прифати истрага против мојата сопруга“, побара опозицискиот лидер на Јужна Кореја

Лидерот на јужнокорејската опозициска Демократска партија, Ли Џае-мјунг, охрабрен од неодамнешната изборна победа на неговата Демократска партија, денеска побара од претседателот Јун Сук-Јул да прифати специјални истраги за скандали во кои се вмешани високи функционери и неговата сопруга. Тоа беше нивна прва средба откако Јун ја презеде функцијата во 2022 година, откако го победи Ли …

„Претседателот да прифати истрага против мојата сопруга“, побара опозицискиот лидер на Јужна Кореја Read More »

Тел Авив го повика МКС да не издава налози за апсење на израелски политички и воени претставници

Израелските власти го повикаа Меѓународниот кривичен суд (МКС) да не издава налози за апсење на високи израелски функционери и порачаа дека ќе продолжат да се борат. „Очекуваме судот (МКС) да се воздржи од издавање налози за апсење на високи израелски политички и безбедносни функционери. Ова нема да не одврати, нема да ја наведнеме главата и …

Тел Авив го повика МКС да не издава налози за апсење на израелски политички и воени претставници Read More »

Турција ќе го поддржи Марк Руте како следен шеф на НАТО

Турција го поддржува холандскиот премиер во заминување Марк Руте како генерален секретар на НАТО, потврдија неименувани дипломати во Брисел. Руте го посети турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган минатата недела петок за да добие поддршка за неговата кандидатура во НАТО. Сега остануваат уште три земји-членки на НАТО кои Руте треба да ги убеди, јави Националната информативна …

Турција ќе го поддржи Марк Руте како следен шеф на НАТО Read More »

Во Србија се обновува рачното производство на стакло

Во лулката на српското стакларство, Параќин, се обновува рачното производство на стакло. Не во некоја „голема“ фабрика, како што може да се помисли на прв поглед, туку во рамките на концептот на креативни работилници „Креатив Глас Лаб“. Под покровителство на белградскиот Економски факултет, во рамките на нивната Фондација за развој на економската наука, беше формирана …

Во Србија се обновува рачното производство на стакло Read More »

Цените се солени, ама Бугарите ги пакуваат куферите за Велигден

Еден милион Бугари ги пакуваат куферите и заминуваат следната недела. Туроператорите известуваат за бум во патувањата поради многуте слободни денови околу Велигден и Ѓурѓовден. Од морето до планината. Одморалиштата се подготвени да пречекаат стотици илјади туристи за празниците. Повеќето туристи го избираат Црното Море, иако сепак е студено за на плажа. Од Бугарите кои патуваат, …

Цените се солени, ама Бугарите ги пакуваат куферите за Велигден Read More »

Сирењата, кашкавалите и саламите преку ноќ поскапеа и над 20 проценти

Освен јајцата и свежото месо, речиси и да нема производи кои што не се поскапени, откако на 1 март трговците добија одврзани раце преку цените да го надокнадат она што го изгубија со четиримесечното замрзнување. Граѓаните велат дека изминатите десеттина дена, цените галопираат во нагорна линија, а поскапувања од 20, па и повеќе проценти се …

Сирењата, кашкавалите и саламите преку ноќ поскапеа и над 20 проценти Read More »

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување зголемените цени за премијата

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледа доставениот извештај од Националното биро за осигурување поврзано со зголемените цени по основ на премија за вршење на дејноста на осигурување. На состанокот Комисијата му укажа на Националното биро за осигурување и на регулаторот Агенцијата за супервизија на осигурувањето во текот на денешниот ден …

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување зголемените цени за премијата Read More »

Мразот во Србија уништи овошје вредно 125 милиони евра

Долгорочната временска прогноза не предвидуваше дека во недела навечер температурата ќе падне до минус пет во голем дел од Србија, па овоштарите не беа подготвени за мразот кој им одзеде голем дел од родот, Зоран Кесеровиќ, професор на Земјоделскиот факултет во Нови Сад за РТС, оцени дека само во регионот на Шумадија и западна Србија, …

Мразот во Србија уништи овошје вредно 125 милиони евра Read More »

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“

На 27 април е третата и последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“. Во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ со почеток во 21 часот со концертен настап ќе се претстават „Macedonian Free Society“. Потребата за нов-креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачи израз, како соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја …

Последна фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“: Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ Read More »

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје донесе Одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“ во пресрет на 27 април – роденденот на великанот на македонската драма. -Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде што Стефановски долги години ги предаваше драмските занаети, пред да го продолжи својот животен пат …

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“ Read More »

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“

Премиерата на претставата „Мац, мац“ која е работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ од Тенеси Вилијамс, а во режија и кореографија на Филип Петковски и ко-продукција на Пресврт, Театар „Ј.Х.К. Џинот“- Велес, како и германскиот Гете институт, ќе се случи на 26 април во Велешкиот театар. Целта на овој проект е да …

Премиера на „Мац, мац“ во Велешкиот театар, работена по мотиви на „Мачка на вжештен лимен покрив“ Read More »

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“

Во Културно информативниот центар – Скопје вечерва со почеток во 20 ч. ќе се отвори првата самостојна изложба на Јана Николовска – „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“. Изложбата има за цел да направи едно патување низ различни димензии на човечката психа и внатрешност, презентирајќи 5 видео инсталации со звук во простор. Влегувајќи од сала во сала, посетителите ќе преминуваат …

Прва самостојна изложба на Јана Николовска „ТРАНСЦЕНДЕНЦИЈА“ Read More »

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара

На 6 и 7 април во Анкара се одржа мандонски фестивал на кој учествуваше и „Мандолинскиот оркестар“ – Скопје, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри. -Нашиот подмладен оркестар на возраст од 12-17 годишна возраст беа ѕвезди на фестивалот во Анкара на кој учествуваа 30 оркестри. Беа поздравени со огромен аплауз и со овации …

ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара Read More »