Приведени двајца Турци на скопскиот аеродром, престојувале подолго од дозволеното во Македонија
На скопскиот аеродром вчера биле приведени двајца турски државјани бидејќи престојувале повеќе од дозволеното во Македонија. „На 21.12.2023 во 15.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, полициски службеници ги привеле H.K.K.(21) и M.Ј.(27), двајцата од Република Турција, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека го пречекориле дозволениот …