Бутел Скопје ги дозна можните ривали за второто коло во Лига Европа

Бутел Скопје не успеа да испише историја во Лигата на Европа/фото: Принтскрин/RK Butel Skopje

По завршувањето на натпреварите од првото квалификациско коло во Лига Европа, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави шеширите пред жрепката за второто коло која ќе се одржи во вторник (6 септември) со почеток од 11.00 часот во Виена, Австрија.

Е. Пелистер 2 не успеа да ја помине првата пречка откако беше елиминиран со два порази од австрискиот клуб Алпла Хард.

Бутел Скопје има шанса со два натпревари да испише историја и стане втората македонска екипа во групната фаза во која веќе се наоѓа првиот тим на Е. Пелистер.

Бутелчани се сместени во првиот шешир како носители, а во истиот се наоѓаат уште Флензбург, Бидасоа Ирун, Гепинген, Спортинг, Монпеље, Азоти-Пулави, Скандерборг-Архус, Бенидорм и Фејер Б.А.Л Веспрем, Стеауа Букурешт и Белененсеш.

Можни ривали на Бутел Скопје во второто квалификациско коло на Лига Европа се: Агуас Сантас Миланеза (Португалија), ММТС Квидзин (Полска), Бјерингбро-Силкеборг (Данска), Савехоф (Шведска), Алпла Хард (Австрија), ФТЦ (Унгарија), Шамбери (Франција), Кристианштад (Шведска), Колстанд Хандбал (Норвешка), Амичитиа Цирих (Швајцарија), Лемго (Германија) и Нексе (Хрватска).

Првите натпревари од втората рунда ќе се играат на 27 септември, а реванш средбите на 4 октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот