Бурата Фиона се засили во ураган додека се приближува кон Порторико

Снимка од пловечки дрон во ураган во Атлантикот / 30 септември 2021 / фото: NOAA/скриншот

Бурата Фиона денеска прерасна во ураган додека се приближува до брегот на Порторико, соопшти американскиот Центар за урагани.

Фиона најпрво помина над Гвадалупе каде што предизвика големи поплави во кои загина едно лице.

Сега, како ураган со ветрови до 130 километри на час, се приближува кон Порторико, каде што ќе предизвика обилни врнежи од дожд и лизгање на кал. Моментално се наоѓа на околу 80 километри од јужниот брег на Порторико.

Како што се загрева површината на океанот, има се повеќе урагани, со посилен ветер и повеќе врнежи. Тие урагани претставуваат зголемена опасност за населението на крајбрежјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот