Бугарскиот премиер Стефан Јанев ги повика сите Бугари да го искористат своето право на глас

Стефан Јанев
Стефан Јанев / Фото: МИА

Бугарскиот премиер Стефан Јанев ги повика сите Бугари да го искористат своето право на глас, јави БТА.

– Нашето право на избор е во основата на демократијата, изјави привремениот премиер Стефан Јанев по гласањето на изборите за претседател и потпретседател и за пратеници.

Бугарскиот премиер рече дека „мора да се гласа со идеја дека нашиот избор е важен, смислен и тоа мора да го направиме сосема свесно”.

– Ги повикувам бугарските граѓани да го направат својот избор, бидејќи тоа е избор за иднината на државата, рече Јанев.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот