Бугарската БТВ цел на хакерски напад: Податоците се продаваат на форум

Бугарската БТВ e хакирана, а денеска напладне, целата база на податоци на корисници кои се регистрирале на интернет платформите на медиумската компанија се појавиле на онлајн форум.

Корисник со име Astonishment објавил тема на популарниот RaidForums со порака во која тврди дека ја има целосната база на податоци на bTV Media Group, објави веб-страницата Факти.

Цената за која се продаваат информациите е 2.000 долари, а во неговиот пост има многу детали за тоа што точно содржи. За да го докаже своето тврдење, анонимниот корисник објави информации за администраторот на системот на bTV – неговото име и телефонски број. Тој дури објавил и фотографија на системскиот администратор очигледно направена од камерата на неговиот компјутер без негово знаење во темата „продажба на украдени информации“.

Astonishment објавил и дека ќе ја открие комуникацијата со администраторот на бТВ Медиа Груп, откако ќе ја продаде за да докаже дека го игнорирала 48-часовното правило што го бара GDPR да ги извести потрошувачите и се надева дека медиумите ќе добијат парична казна според таа регулатива.

Според него, базата на податоци содржи повеќе од 500.000 записи на корисници, како и многу други информации и лични податоци на корисниците од 2013 година досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот