Бугарите пресекоа: Од четврток ќе биде задолжително носење маски и на отворено

Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Од четврток во Бугарија ќе биде задолжително носење на маски и на отворен простор, со цел подобро справување со епидемијата на коронавирус.

– Очекуваме намалување на инциденцата доколку строго се следат мерките. Во други земји ова веќе се спроведува. Ќе им дадеме можност на бугарските граѓани да набават маски и веруваме дека од четврток ќе бидат задолжителни за сите на отворено, изјави денеска бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов.

– Наша цел е да го намалиме бројот на заразени Бугари за да може помалку од нив да бидат примени во болници и помалку да умират, додаде Ангелов, пренесува БГНЕС.

Тој рече дека маските ќе бидат задолжителни најмалку до крајот на ноември.

Бугарскиот министер уште рече дека во Софија ќе биде стациониран Национален логистички центар, кој ќе работи како кол центар, 24 часа, седум дена во неделата.

– Државата ќе биде поделена на шест големи административни области. Овој центар ќе има задача да спроведува ефикасна логистика на сите процеси меѓу сите институции деноноќно, појасни Ангелов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот