Бугарија на дното на ЕУ и повторно под лупа

Софија, Бугарија / 02 септември 2020 / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Иако Бугарија како членка на ЕУ си ги покажува „мускулите“ кон Македонија, факт е дека таа и по 13 години членство во Унијата е под постојан мониторинг и дека ден-денес не ги исполнува европските стандарди за демократија и владеење на правото, но ниту на еконмски план.

Затоа Групата за набудување на демократијата во Европскиот парламент, подготвува мисија за разгледување на корупцијата и владеењето на правото во Бугарија.

Групата организира сослушувања на претставници на бугарските власти, обвинителството и невладини организации за прашања во врска со врховната власт и препораките на Венецијанската комисија во врска со јавниот обвинител и слободата на медиумите.

Исто така, Европската комисија на 4 февруари соопшти дека отвора процедури за прекршок против 24 земји-членки, меѓу нив и Бугарија, за неисполнување на новите правила за телеком на ЕУ, Европскиот кодекс за електронски комуникации.

Новите правила на ЕУ имаат за цел да ја модернизираат европската регулаторна рамка за електронски комуникации, подобрување на изборот и правата на потрошувачите, и вклучуваат одредби што обезбедуваат појасни договори, квалитет на услуги и конкурентни пазари.

На економски план, поточно кога станува збор за нивото на стандард искажан преку висината на миниалната плата, Бугарија повторно е на дното на ЕУ.

Имено од јануари 2021 година, Бугарија има најниска минимална плата меѓу земјите од Европската унија, соопшти агенцијата за статистика на ЕУ Евростат.

Во јануари 2021 година, 10 земји-членки, во источниот дел на ЕУ, имаа минимални плати под 700 евра месечно.
Бугарија предничи со само 332 евра минимална плата.
Од неа се подобри сите: Унгарија со 442 евра, Романија со 458 евра, потоа Летонија со 500 евра, Хрватска со 563 евра, Чешка со 579 евра, Естонија со 584 евра, Полска со 614 евра, Словачка со 623 евра и Литванија со 642 евра.

Во пет други земји-членки, главно на југот на ЕУ, минималните плати се движеа помеѓу 700 евра и нешто повеќе од 1100 евра месечно: Грција (758 евра), Португалија (776 евра), Малта (785 евра), Словенија (1024) евра) и Шпанија (1108 евра).

Во преостанатите шест земји-членки, сите на запад и север од ЕУ, минималните плати беа над 1500 евра месечно: Франција (1555 евра), Германија (1614 евра), Белгија (1626 евра), Холандија (1685 евра) , Ирска (1724 евра) и Луксембург (2202 евра).

Според Евростат разликата меѓу најниската како онаа во Бугарија и највисоката во Луксембург, е 6,6 пати.

Ваквите разлики се одразуваат и во вредноста на работниот час кој во Бугарија е најнизок во ЕУ и кој во 2020 изнесувал 1,87 евра.

Во Романија и Унгарија минималната плата на час е нешто помалку од 3 евра, во Грција и Португалија – 4 евра. На врвот на листата се најде Франција со 10,15 евра на час, следена од Ирска со 10 евра на час.

Оттаму станува јасно дека за голем број Маккедонски граѓани бугарскиот пасош вреди само како услов за заминување на работа во некоја од западно европските држави, но не и за работа во Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот