Бугари од Македонија официјално побарале да ги вклучат во работната група за измената на Уставот

Претставници на македонските Бугари во Брисел/ Фото: БГНЕС

Претставници на бугарските здруженија во Македонија побарале да бидат вклучени во работната група за уставните измени, јавува бугарската новинска агенција БТА.

Како што се наведува, во писмо до премиерот Димитар Ковачевски, тие го поздравуваат создавањето на работната група, која ја оценуваат како чекор напред кон решавање на прашањето за вклучување на Бугарите во преамбулата на Уставот на земјата.

Потписниците на писмото бараат од Ковачевски да предложи во работната група да се вклучат и претставници на Бугарите во Северна Македонија за да го дадат својот конструктивен придонес во работата.

„Бугарскиот народ беше најконструктивниот елемент во остварувањето на вековниот сон за независна, демократска и суверена Република Македонија, држава на сите граѓани што живеат во неа, без разлика на етничка, верска, политичка, општествена или која било друга припадност. Но, со донесувањето на Уставот на Република Македонија на 17.11.1991 година, а подоцна и со сите амандмани, беше направена голема историска неправда и бугарскиот народ беше изоставен од преамбулата на Уставот. Оваа историска неправда ќе се исправи за да ги уживаме сите права и слободи што произлегуваат од највисокиот правен акт заедно со другите народи веќе вклучени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија за заедно да градиме подобра иднина во нашата земја во која живееме и заедно го чекаме денот кога ќе ја видиме како полноправна членка на ЕУ, а со тоа и како дел од прогресивниот западен свет“, се вели во писмото до Ковачевски, според БТА.

Според пописот од преклани, во Македонија има 3.504 Бугари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот