Бубевски: Го држат СЈО во вештачка кома

Гаврил Бубевски / МИА

Обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски, денеска ги коментираше анкетите кои покажуваат пад во довербата кај јавноста кон Специјалното јавно обвинителство.

– Разбирливо ми е ова затоа што и законодавецот и општеството во овој момент го држат СЈО во некаква вештачка кома. Со одлуката на Врховен суд со непостапувањето и по едно од обвиненијата во судот, се осеќа дека одлуката на Врховен си нашла свој пат и во овој момент освен судење за тие обвиненија што сме ги поднеле во рокот, ние освен документација што прибираме, други наши активности нема и со самото тоа нормално е луѓето да немаат доверба во нашата работа. Ама тоа многу брзо ќе се крене само да ги добиеме можностите – изјави Бубевски.

Обвинителот Бубевски рече дека не е исклучена можноста Катица Јанева да остане на чело на СЈО како вршител на должност о по истекувањето на нејзиниот мандат во септември. Истакна дека не гледа никој друг јавен обвинител кој би можел да биде вршител на должноста.

– Толкувајќи го законот за Јавно обвинителство, не е заврането да имаме вршител на должност на чело барем додека е во сила актуелниот закон, односно така да се предводи СЈО уште една година – рече Бубевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот