Бројот на загинати во земјотресот во Индонезија се искачи на 321

Индонезија земјотрес EPA-EFE/ADI WEDA

Бројот на загинати во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што ја погоди провинцијата Западна Јава во Индонезија пред речиси една недела се искачи на 321, соопшти највисокиот претставник за управување со вонредни состојби во земјата.

Сухарјанто, шеф на Националната служба за управување со кризи, рече дека најмалку 11 лица се уште се водат како исчезнати. Земјотресот оштети повеќе од 62.000 куќи, како резултат на што повеќе од 73.000 граѓани беа преместени во 325 прифатни центри низ регионот.

„Хуманитарните работници постепено допираат до погодените граѓани во оддалечените села со логистика и прехранбени производи и им подигаат шатори“, додаде Сухарјанто. Службата која ја следи сеизмолошката активност соопшти дека главниот земјотрес во понеделникот бил проследен со 284 последователни потреси, при што нивниот интензитет постепено се намалува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот