Брод со 6.000 тони пченица од Украина плови кон Албанија

Украина брод со жито
Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Брод со 6.000 тони пченица од Украина плови за Албанија. Бродот „Јаохар Раним” се очекува да пристигне во Драч на 10 август. Се транспортира пченица за компанија за брашно во Тирана.

Ова е првиот брод што пристигнува во Албанија од Украина по руската инвазија на 24 февруари.

Бродот бил натоварен на 28 јули во Измаил, најголемото украинско пристаниште, во Одеската област. Во моментов „Јаохар Раним” се наоѓа во грчките води на Јонско Море.

Албанија дури 30 отсто од потребите за пченица ги обезбедува од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот