Британски генерал: Војската мора да се подготви за борба против Русите во Европа

Првиот човек на британската армија, генерал Патрик Сандерс изјави дека „британските војници мора да се подготват за борба во Европа“.

– Сега имаме императив да создадеме армија која е подготвена да се бори рамо до рамо со нашите сојузници и да ја победи Русија во битка. Ние сме генерација која мора да ја подготви армијата за повторно да се бори во Европа – рече генералот Сандерс.

Тој наведува дека неодамна „станал првиот началник на Генералштабот од 1941 година кој ја презел командата на армијата во сенка на копнена војна во Европа во која била вклучена и континентална суперсила“.

– Руската инвазија на Украина ја нагласува нашата основна цел, да го заштитиме Обединетото Кралство и да бидеме подготвени да се бориме и да победиме во копнената војна – додаде британскиот генерал.

Неговите коментари дојдоа веднаш откако британскиот премиер Борис Џонсон ги предупреди своите сонародници дека „мора да се подготват за долга војна“, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин прибегнал кон стратегија за војна која вклучува исцрпување на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот