Британка добила 1 милион фунти на лотарија: На најдобрата пријателка ѝ го продала автомобилот за една фунта

Фото: Pexels / Waldemar

Работничка во болница од Вигстон во Лестершир, Велика Британија го продала својот автомобил на најдобрата пријателка за 1 фунта откако дознала дека добила 1 милион фунти на лотарија, пишува „Индепендент“.

Дебора Бурџис (56) рекла дека е „прекрасно“ чувството што може да ѝ помогне на нејзината најдобра пријателка Луиз Смит, откако минатата година ја добила главната премија што ѝ го промени животот.

Всушност, таа со месеци не знаела дека освоила огромна сума на пари, бидејќи се разболела од хронична анемија и морала да помине подолг период во болница за лекување.

Поради нејзината болест, а потоа и одмор за да се опорави, Дебора некое време не ја проверувала нејзината е-пошта, а кога конечно ја прочитала пораката од Националната лотарија, мислела дека можеби е измама, додека не било потврдено и нејзината добивка била исплатена. Откако дознала дека станала милионерка, Дебора ја споделила веста со нејзиниот син Нејтан (21) и неговата девојка.

Таа планира да искористи дел од нејзините пари за да ѝ помогне на двојката, откако нејзиниот син ќе дипломира на универзитетот. Покрај тоа што планира патување да плива со делфини на Хаваи со своето семејство, Дебора ги троши парите и за реновирање на спална соба во бања за нејзината мајка Патриша и за поставување на нова градинарска ограда откако ја урнаа неодамнешните врнежи.

Дебора купила и нов автомобил, па го продала својот стар автамобил од марката „Пежо 2008“, на нејзината најдобра пријателка Луиз.

„Не сакав да го продадам мојот автомобил, но мојата пријателка сакаше да го купи од мене. Сакаше да ја плати соодветната цена, но поради премијата ѝ ја продадов за само една фунта. Прекрасно е чувството да се биде во можност да се направи такво нешто“, раскажува Дебора.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот