Британија може да загуби 19,5 милијарди долари годишно по излегувањето од ЕУ

Формалното повлекување на Велика Британија од Унијата на 31 јануари, според Чарлс Рајс, автор на студијата и потпретседател на организацијата, „ќе стави крај на првата фаза на комерцијална неизвесност“.

Загубите во економијата на Велика Британија поради неизвесноста околу излегувањето на земјата од ЕУ (Брегзит) може да достигнат 4,4 милијарди фунти (5,7 милијарди долари) во 2020 година и да се искачат на 15 милијарди фунти до крајот на деценијата (19,5 милијарди долари) годишно. Ова го објави „Индипендент“, повикувајќи се на извештај од аналитичкиот центар „Ранд Европа“.

Проектираниот пад на БДП ќе доведе до зголемување на задолжувањето на владата со дополнителни трошоци за годишни камати од 1,3 милијарди фунти (околу 1,7 милијарди американски долари) до крајот на 2020 година и 3 милијарди фунти (3,9 милијарди долари) до 2025 година, се вели во извештајот.

Формалното повлекување на Велика Британија од Унијата на 31 јануари, според Чарлс Рајс, автор на студијата и потпретседател на организацијата, „ќе стави крај на првата фаза на комерцијална неизвесност“.

– Негативните економски последици како од БДП, така и од државните заеми се видливи и се зголемуваат со текот на времето. Неизвесноста на идните трговски односи со ЕУ и евентуалното идно зголемување на трговските бариери имаат негативно влијание врз надворешната трговија и инвестициските одлуки на компаниите, вели Тајс.

Според него, економијата на Велика Британија ќе се соочи со тешки тестови се додека Лондон и Брисел не се договорат и не потпишат нов трговски договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот