Брена го моли Тошиќ да не ја остава Карлеуша? Фудбалерот ја слушал со насолзени очи

Лепа Брена е видена во еден ресторан во Белград во друштво на фудбалерот Душко Тошиќ, кого, како што пишува Хајат, во таа прилика се обидувала да го „вразуми“ за да го спаси неговиот брак со Јелена Карлеуша.

Наводно Душко сè уште не се откажал од разводот, а Брена мисли дека треба да му дадат шанса на бракот и покрај сите непријатности што им се случиле. Таа досега неколкупати се слушнала, а сега и се видела со Душко за да го убеди дека разводот не е решение и дека треба да ја победат кризата.

„Брена му признала на Тошиќ дека и таа и Боба имале несогласувања во бракот, но не дозволиле тоа да им го расипе односот иако имало моменти кога запаѓале во критични кавги“, раскажал изворот и додал дека пејачката му открила на фудбалерот и некои интимни работи.

„Таа му открила и дека луѓето често зборувале дека Боба ја изневерува. Во еден момент му рекла дека би било убаво сите заедно да отпатуваат во Опатија на бродот кај Саша Поповиќ.“

На крајот Брена ги спомнала и ќерките на Душко, па тој видно се растажил.

Како што кажува изворот, Брена му рекла дека Јелена е добра мајка и дека треба уште еднаш да размисли дали сака да го напушти семејството.

Тошиќ со насолзени очи велел дека децата му се најважни во животот и дека поради нив е подготвен на сè.

Душко го напуштил ресторанот видно нерасположен.

Instagram

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот