Борисов: До октомври мора да се затворат историските прашања, да не ни се смеат во ЕУ

Не би сакал да мислам дека може да се дојде до такво прашање, по сите напори што ги направивме нашата цел е фокусирана да ѝ помогнеме на Република Северна Македонија во членството во ЕУ и да дојде ситуација јас да кренам рака против такво нешто е недопустливо, не сакам ниту да мислам на такво нешто, рече премиерот на Бугарија Борко Борисов на заедничката прес-конференција со премиерот на РСМ, Зоран Заев, прашан дали може да го блокира членството на земјава во ЕУ ако не се постигне договор за отворените прашања на историските комисии. Но по инсистирање на новинарите децидно да каже дали ако нема договор до октомври може да дојде до блокада, Борисов потенцираше дека комисиите кои работата на затворање на историските прашања мора да постигнат договор до октомври.

-Зоран е сведок како јас сум се борел со Германија и Франција за да ни ја дадат можноста ние да допуштиме да биде блокирана РСМ, не сакам ниту да помислам такво нешто. Во последните две децении ништо се немаше придвижено напред. Професорот Ангел Димитров ми даде историска лекција, на секое ритче се погинати илјадници луѓе, како сакате нарекувајте ја таа земја, тие погинале за и сега ние да стоиме тука. Ако се дотера до таму работата, ќе ни се смејат во европскиот сојуз – рече Борисов.

До октомври да се завршат овие теми, инаку би било навредливо кон историските личности, потенцираше бугарскиот премиер.

-Имам лимит кој може да си го доволам, знам дека по секоја цена комисиите треба да го најдат решението бидејќи тоа ќе биде исклучително важно за иднината на младите. Мора да се постигне компромис до октомври – истакна Борисов, избегнувајќи да даде дециден одговор на прашањето што ако тоа не се случи.

Бугарскиот премиер рече и дека во медиумите во земјава препознава надворешни сили кои работат против Бугарија.

– Со што е заплашена Р. Македонија од Бугарија. Дали не направивме сè за Р. Македонија да биде во светлиноста, од каде ваква злоба. Од наш заеднички интерес е да бидете во НАТО – вели Борисов.

Тој нуди одмор во Варна и Бургас за комисиите да може да работат и во текот на летото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот