Борисов: Чистиот воздух на прво место во нашите програми

Промените во климата се факт и се случуваат со таква брзина што ризикот и опасноста за човештвото се огромни, изјави бугарскиот премиер Бојо Борисов во Брисел каде европските лидери на самит постигнаа договор за Зелен пакт кој предвидува нулта емисии на штетни гасови до 2050 година.

– Ние секогаш сме го ставале здравјето и чистотата на воздухот на прво место во нашите програми, мора да кажеме каква е иднината на јагленот и што ќе се случи за 30 години, изјави Борисов.

Тој исто така истакна дека е важно да се даде неопходното време со цел процесите да течат непречено и да не му се наштети ниту на енергетскиот сектор, ниту на рударите и другите работници во секторот.

Борисов подвлече дека е неопходно Европа да им помогне на земјите да ги регулираат тие процеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот