Болтон: Кина да размисли за Хонг Конг, свежи се сеќавањата за Тјенанмен

фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Кина треба да размисли за потезите што ги прави во однос на настаните во Хонг Конг, рече советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Болтон.

Во изјава за Гласот на Америка Болтон вели дека „се уште постои свежо сеќавање на репресијата на кинеските власти на плоштадот Тјенанмен и крикот на кинеските граѓани за слобода и демократија”.

Запрашан дали САД имаат намера да направат нешто во врска со ситуацијата во Хонг Конг, поранешна британска контролирана колонија до 1997 година, град кој со месеци протестира против властите блиски до официјален Пекинг, Болтон повика на намалување на тензиите.

– Знаете дека Кина ги обвини САД за предизвикување на тие демонстрации. Демонстрантите ги поврзаа со нас и истовремено објавуваа лични информации за нашите американски дипломати во Хонг Конг. Потребно е со тоа да се прекине, рече Болтон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот