Бочварски: Решаваме крупни проблеми за жителите на Велес

Министерот за тарнспорт и врски Благој Бочварски / Фото: МИА

Преку еден милион евра инвестираме само во санација на свлечиштето Цуцка во Велес и преку еден милион евра во изградба и санација на водоводни и канализциони линии во градот и населените места, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Велес.

Министерот Бочварски и градоначалникот Аце Коцевски, денеска извршија увид во санација на свлечиште на регионалниот пат Велес – Градско како и изградба на водоснабдителниот систем за населените места Раштани и Бузалково.

Овој инфраструктурен проект е од огромно значење за жителите на Велес и сите што сообраќајат низ овој регионален пат бидејќи конечно ја решаваме безбедноста во овој дел, истакна министерот Бочварски.

-Санацијата на свлечиштето е во завршна фаза, за десетина дена ќе биде завршено и потоа изведувачот до крај на овој месец ќе заврши со расчистување на локацијата и асфалтирање на оштетениот асфалт. Решаваме еден голем проблем за Велешани, исто така го решаваме и проблемот со одроните на пругата на железничкиот Коридор 10.  Тоа што сакам да потенцирам е дека во завршна фаза е проектирањето на регионалниот пат од Катланово до Велес за што во втората половина на месец октомври ќе распишеме тендер за рехабилитација, инвестиција од 2,8 милиони евра. Исто така до крај на овој месец ќе распишеме и тендер за рехабилитација и на регионалниот пат од Велес до Граско, инвестиција од 4 милиони евра. Така да  ќе го  рехабилитираме стариот пат од Катланово па се до Градско- изјави  Благој Бочварски министер за транспорт и врски.

Министерот Бочварски при увидот во изградба на водоводот за населените места Раштани и Бузалково истакна дека ова е капитален проект од суштинско значење за преку 1500 жители од овие населени места.

-За прв пат решаваме клучен проблем на жителите на овие две населени места. Нашата задача е да обезбедиме пристојни услови за живот и да не дозволиме да мигрираат. Инвестираме преку 500 илјади евра за изградба на водовод и верувам дека со ова жителите конечно ќе имаат подобри услови за живеење.  Овие проекти се од огромно значење и продолжуваме да инвестираме секаде каде што е потребно- изјави министерoт Бочварски.

Градоначалникот Аце Коцевски ја потенцира подршката од централната власт во инвестирање на капитални проекти за градот и најави континуирана соработка со министерството за транспорт и врски.

-Со министерот разговаравме за постапките за носење на детални урбанистички планови и други капитални проекти од инфарструктурано значење за градот и верувам дека ова е правиот начин како ќе ги решаваме сите работи. Извршивме увид во санација на свлечиштето и изградба на водоводот за Рашатни и Бузалково, многу значајни проекти за Велес и жителите на овие места. Од стручен аспект можам да истакнам дека санацијата е направена многу квалитетно,  направено е кавење на карпите, поставени се заштитни мрежи за да не се дозволи паѓање на карпата и очекувам многу брзо комплетно да се заврши целиот овој проект. Продолжувме и понатаму да соработуваме со министерството и верувам дека и во наредниот период ќе имаме заеднички проекти за подобрување на условите за живот на нашите жител- изјави градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот