Бочварски: Надминати затекнатите состојби со експресниот пат Градско – Прилеп, продолжуваме да го градиме

Благој Бочварски пат Прилеп - Градско/Фото: Министерство за транспорт и врски

Затекнатите состојби со експресниот пат Градско – Прилеп се надминуваат. Онаму каде што имаше проблеми со изведувачите ги решивме и веќе со почетокот на градежната сезона започнуваме со силно темпо на изградба, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната посета на општина Прилеп.

„Сакам да информирам дека за првата делница Градско –Дреново, Владата донесе одлука да се преземат градежните работи  од  сегашниот изведувач и во седниот период оваа делница да ја гради друга компанија која има технички и човечки ресури да за ја доизгради оваа делница навреме. Во однос на втората делница од Дреново до Фариш, тендерската постапка е завршена и сега понудите се во фаза на евалуација. Очекувам на пролет да имаме силна градежна активност паралелно и на двете делници. За третата делница, планирано е да се реконструира целиот пат на Плетвар, а онаму каде што има две ленти ќе се прошири на ниво на експресен пат со три ленти, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Тој потенцираше дека во фаза на изработка е проектна задача за изградба на автопат од Прилеп до Битола со што ќе се заокружи брзата патна врска кон Пелагонија.

При денешната посета на општина Прилеп, министерот Бочварски заедно со градоначалникот Илија Јованоски,  присуствуваа на пуштање во употреба на мост во населеното место сточен пазар во Прилеп.

„После 50 години се изгради нов армирано-бетонски мост, кој ќе ги поврзува двете индустриски зони и преку кој ќе одвива 80 отсто од товарниот сообраќај во градот. Мостот е со должина од 24 метри, има четири коловозни ленти, од кои две во едниот и две во другиот правец, а од двете страни на коловозните ленти има по една велосипедска и пешачка патека. Вкупната вредност на овој капитален проект е 35 милиони денари, инвестиција на општина Прилеп”, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски.

Овие капитални  проекти се многу значајни за локалниот економски развој, значјни се за поврзување на граѓаните и бизнисот и затоа во следниот период силно продолжуваме да инвестираме во развој на општините, додаде министерот Бочварски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот