Блејк Лајвли се обиде да ги „избрка“ новинарите пред нејзиниот дом: Еве ви фотографии на кои сум бремена

блејк лајвли
Блејк Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Американската актерка Блејк Лајвли моментално е бремена со четвртото дете од бракот со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс.

ФОТО | Прекрасна трудница: Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс ќе станат родители по четврти пат

Актерскиот пар за последен пат се „испроба“ во оваа улога на крајот на 2019 година, а заедно веќе имаат три ќерки Џејмс, Инез и Бети.

Сепак, Лајвли сега откри дел од притисокот со кој се соочува како славна личност за време на бременоста. Таа на својот инстаграм-профил сподели серија од труднички фотографии со надеж дека ќе ги „избрка“ новинарите кои, како што вели, ја чекаат пред куќата.

„Еве фотографии од моето секојдневие на кои сум бремена, за да ме остават 11-те момци кои чекаат пред мојата куќа. Ме плашите мене и моите деца“, напиша актерката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

Блејк на фотографиите позира во слатки и опуштени изданија, кои таа и нејзиниот сопруг често ги споделуваат со своите обожаватели и им се заблагодари на оние кои ја изразуваат својата поддршка со тоа што не ги следат публикациите кои споделуваат фотографии од деца.

„Целата моќ е во ваши раце. Ви благодариме на медиумите кои имаат „политика без деца“. Сите вие правите разлика“, рече Лајвли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

Инаку, се повеќе познати личности одлучуваат да ги држат своите деца колку што можат подалеку од очите на јавноста, заштитувајќи ја нивната приватност и правото на избор дали ќе одлучат да станат јавни личности или не. Сепак, упорните папараци често не ги почитуваат нивните желби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds)

Блејк и Рајан, кои се во среќен брак од 2012 година, јасно ставија до знаење дека приватноста на нивните ќерки им е главен приоритет, а актерката претходно интервенираше одредени таблоиди и профили на социјалните мрежи да ги тргнат фотографиите од нејзините ќерки, кои се направени без родителска согласност.

Двојката се запознала во 2010 година на снимањето на „Green Lantern“, а Рајан неодамна изјави дека решил да се одмори од актерството бидејќи сака да поминува повеќе време со семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот