Бизнисмените од Западен Балкан бараат заеднички усогласени правила и протоколи за патување

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Заеднички, усогласени правила и протоколи, т.н. зелени линии, за патување на бизнисмените или нивни претставници и вработени во земјите од Западен Балкан заради непречено извршување на деловните активности и реализирање на соработката и во време на пандемија, бара Коморскиот инвестициски форум (КИФ) од владите на земјите во регионот.

Според КИФ, ваквиот режим на „слободно” движење за да нема застои во бизнисот би се реализирал преку правење брзи ПЦР-тестови на граничните премини, ограничување на движењето на лицата кои патуваат на конкретните локации каде што треба да ја извршат задачата, лимититирање на нивните професионални и лични контакти, како и обврзување да ги почитуваат сите заштитни мерки што се на сила во земјата во која патуваат.

-Второто барање на КИФ се однесува на обезбедување согласност од владите дека таквиот усогласен режим би се применувал без одглед на идното евентуално влошување на ковид ситуацијата, истакна денеска на прес-конференција Татјана Штерјова – Душковска, директор во Стопанската комора на Македонија.

Ваквата иницијатива на КИФ, појасни Штерјова – Душковска, е по моделот на т.н. зелении коридори за проток на стоки, воведен во април годинава, кој покажа одлични резултати.

-Во многу од државите во регионот веќе осум месеци се применуваат формалности кои го ограничуваат движењето, но проблемот е што ограничувањата се различни и многу често се менуваат, дури на дневна и неделна основа. Тоа значително го отежнува планирањето на деловните активности. За очекување е дека овие ограничувања ќе стануваат многу порестриктивни поради ковид состојбата, а во многу европски земји тоа и се најавува. Од овие причини КИФ минатата недела упати иницијатива до премиерите на шесте држави со која бара воспоставување мрежа на „зелени линии”, со кои би се обезбедило непречено движење од деловни причини и извршување одредени работни задачи. Овој предлог би бил надополнување на т.н. зелени коридори за стоки од април годинава кој покажа многу позитивни резултати за непречено снабдување, истакна Штерјова – Душковска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот