Бизарни навики на кралот Чарлс кои ниту Елизабета не ги разбирала: Слуга за миење на забите, мед во ќесе…

крал чарлс трети
Крал Чарлс Трети / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Профимедиа

Кралот Чарлс Трети има некои многу специфични навики без кои не може да го замисли секојдневниот живот.

Тина Браун, авторка на книгата „Документи на палатата: Внатре во куќата на Виндзор“, објавена на почетокот на годината, меѓу другото, открива дека најстариот син на кралицата Елизабета Втора, кога оди нагости кај пријателите, задолжително носи специјален хигиенски прибор, како и специјално мартини.

крал чарлс
Крал Чарлс Трети / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Во Бакингемската палата заедно со него пристигнале и ортопедски кревет, даска за ВЦ-школка и тоалетна хартија. Чудните ритуали, кои многумина би ги нарекле бизарни, го следат уште од детството.

Поранешниот помошник на Чарлс, Мајкл Фосет, ѝ рекол на Браун дека на патувањата секогаш го носел своето омилено кадифено мече во пластично ќесе за да не се оштети играчката. Има и слуга кој секое утро на четкичката за заби му истиснува паста за заби во должина од точно два и пол сантиметри.

Кралот Чарлс и неговата сопруга Камила/ Фото EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Пол Бaрел, поранешен батлер, открил дека пижамите на Чарлс мора да се пеглаат секое утро веднаш штом ќе се разбуди, дека врвките мора да му се вадат од чевлите по секое носење и да се ставаат под железна преса за да се исправат и дека температурата на водата во неговата бања секогаш мора да биде иста.

кралица елизабета
Кралицата Елизабета Втора и принцот Чарлс / Фото: EPA-EFE/STR

Изворите велат дека кралицата Елизабета Втора не била баш благонаклонета кон необичните навики на Чарлс…

Кралот Чарлс е во обиколка на нацијата во жалост, пристигна во Северна Ирска

ВИДЕО: Кралот Чарлс ја предводеше погребната поворка, ковчегот на кралицата Елизабета положен во катедралата во Единбург

РЕТРО ФОТОГРАФИИ: Првата посета на кралот Чарлс III на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот