Битиќи во ТЕЦУП: Ги поддржуваме компаниите да го развиваат производството и конкурентноста

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети компанијата ТЕЦУП од Тетово, која се занимава со производство на хартија и картон, и која Владата ја поддржува преку законот за финансиска поддршка, соопшти прес-службата на Владата.
Вицепремиерот Битиќи вели дека се работи за компанија која работи со квалитативни и биоразградливи материјали, погодни за животната средина.
– Оваа компанијата произведува хартиени чаши за чај, кафе, сок и сладолед за еднократна употреба, производи кои се со квалитативни и биоразградливи материјали наменети за домашниот но и на странскиот пазар, поточно за пазарите во Србија и Италија – изјави тој.
Вицепремиерот информираше дека компанијата ТЕЦУП е поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, бидејќи се работи за компанија чии производи се во согласност со ISO стандардите во хармонија со Европскиот зелен договор на кој Владата е сериозно посветена.
– Партнерски ќе ја следиме компанијата во нејзината инвестиција во нов објект со вкупна површина од 400м2 каде што се планирани нови производствени капацитети. Токму ова е и целта на планот за економски раст за поддршка на компаниите, да ги поддржи компаниите како ТЕЦУП, партнерски да ги поддржи, и да ги помогне да инвестираат и да се развиваат – рече изјави Битиќи.
Шуиб Весели еден од сопствениците на компанијата ТЕЦУП се заблагодари за финансиската поддршка за која рече дека е добредојдена за изградбата на новите производствени капацитети, кои ќе допринесат за додадена вредност на компанијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот