Битиќи – Техада: Соработката е извонредна, продолжува швајцарската поддршка на реформите и македонскиот евронтеграциски пат

Вицепремиерот Битиќи упати честитки за успешниот мандат на амбасадорката Зутер Техада и посака уште поголем успех на нејзината следна должност / Фото: МИА

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада, на која набрзо ѝ завршува мандатот во земјава.

Битиќи упати благодарност за личниот ангажман на амбасадорката во процесот на спроведување на реформите во нашата држава, но и до Швајцарија, која уште од 1992 година е една од земјите кои даваат најголема поддршка во политичкиот, општествениот и економскиот развој и една од најголемите донатори на Северна Македонија, како и силен поддржувач на евроинтеграцискиот пат.

Вицепремиерот констатираше дека во изминатиот период, со швајцарска поддршка, преку Амбасадата и Швајцарската агенција за развој и соработка, се реализирани голем број проекти со кои се овозможени подобри услови за живот и подобар животен стандард за граѓаните.

Економската соработка помеѓу двете земји бележи континуиран раст, се зајакнуваат врските помеѓу компаниите и владите од двете земји, а овој процес ќе продолжи да се движи во позитивна насока и понатаму, се согласија вицепремиерот и амбасадорката.

Во изминатиот период Швајцарија даде силна поддршка во проекти за рамномерен регионален развој, за подобрување на конкурентноста и за зголемени можности за вработување, а поддршката од Швајцарија продолжува и ќе се реализира согласно Швајцарската програма за поддршка на земјава во периодот 2021 – 2024 година, која беше претставена неодамна.

Вицепремиерот Битиќи упати честитки за успешниот мандат на амбасадорката Зутер Техада и посака уште поголем успех на нејзината следна должност.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот