Битиќи: Функционерите нема да добијат покачување на платите со усогласувањето во март

Фатмир Битиќи / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Функционерите нема да се откажат од платите, но нема да добијат ниту зголемување кое е предвидено во март, согласно новата методологијата, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Тоа што беше најавено помпезно, дека ќе има зголемување, нема да го има во новиот Буџет. Беше најавено дека поради методологијата, следната година сите функционери ќе добијат повисоки плати, но тоа нема да се случи. Има скратување и во други области во кои гледаме дека има непродуктивни трошоци зашто буџетскиот дефицит конечно ќе го доведеме во тоа што го имаме проектирано со среднорочниот план, а капиталните инвестиции ќе останат многу повисоки од планираниот буџетскиот дефицит – изјави Битиќи одговарајќи на новинарско прашање.

Битиќи очекува работната група наскоро да излезе со конкретни предлози околу платите на функционерите, што потоа ќе бидат доставени во Собранието.

Во одговор на новинарско прашање, вицепремиерот појасни дека не може со еден закон да се опфатат сите 1.260 функционери, потребни се седум законски измени.

Всушност, се испостави дека не може со еден закон да се адресираат сите 1 260 функционери и дека се потребни седум измени во законите зашто, на пример, измената во еден закон значи дерогирање на одредени права од друг закон што е противуставно. Работната група тоа веќе го гледа, од минатата недела. Сакаме системско решение и мислам дека Работната група наскоро ќе има предлог кој ќе биде доставен во Владата за потоа да се испроцесира до Собранието. Секако, тоа што го планираме во Буџетот за 2024 е со сегашните предвидувања, со одредени скратувања на обврски за следната година за зголемување на платите – додаде тој.

Со буџетот, како што соопшти Битиќи, се планираат одредени скратувања на обврските за зголемување на платите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот