Битиќи: Бизнис конфедерацијата на Македонија веќе 20 години работи одговорно

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања / Утрински брифинг

Бизнис конфедерацијата на Македонија веќе 20 години работи одговорно, посветено принципиелно, етички и за тоа навистина ви честитам. Се надевам дека нашата соработка и постојано отворен дијалог ќе продолжи и заедно преку партнерски однос ќе бидеме во функција на бизнисот и на работниците. Затоа што добрите економски параметри се пресликуваат позитивно врз целото општество и допираат до секој еден граѓанин, истакна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешното одбележување „20 години БКМ во функција на бизнисот”.

Тој додаде дека условите за водење на бизнис се веројатно најважни за секој еден инвеститор, стопанственик, претприемач и токму тоа како што рече, е она за што ние како Влада се залагаме.

– Политичка и економска стабилност и предвидливост, ефикасни и брзи процедури, мерки кои стимулираат технолочки развој и внесување на иновации во работењето на компаниите, поквалитетно и подобро платени работни места. За да ги постигнеме сите овие цели потребни се партнери од доверба, токму таков партнер е бизнис Конфедерацијата на Македонија кој професионално и правилно ги артикулура барањата на компаниите и систематски и темелно предлагаат решенија за решавање на сите проблеми за надминување на сите предизвици, се со цел креирање на поддржувачко и охрабрувачко бизнис опкружување кое ќе носи раст и развој на нашите компании, рече Битиќи.

Тој нагласи дека за нив е важно компаниите да знаат дека имаат партнер и во време полно предизвици како што се овие две последни години.

– Преку стимулирање на инвестициите на пазарот на Западен Балкан ќе креираме отпорен и стабилен регионален пазар. Ваквиот рефокус ќе ја забрза нашата нова развојна економија преку реструктуирање на домашната економија која треба да се темели на производство со додадена вредност што ќе значи зголемување на БДП, ќе го зајакне извозот и бројот на вработени и секако стандардот на нашите граѓани. Владата ќе остане конструктивна и отворена за дискусија за секоја тема која е важна за граѓаните, за стопанството за економскиот развој и за подобриот животен стандард, заклучи Битиќи.

Џулијан Васало, заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, посочи дека Бизнис конфедерацијата ја означува оваа годишнина во период на пандемија, а таа пандемија, како што оцени, созаава дополнителен притисок на развојот на бизнисот.

– Кризата исто така покажа и ранливост на глобалните синџири на вредности коишто влијаат на компаниите. Како одговор на кризата Владата донесе четири пакети на мерки за поддршка. Фискалните програми на Владата значитено го ублажија влијанието на ударот на кризата врз бизнисите и на тој начин ја ограничи посериозната рецесија. Заздравувањето после пандемијата ќе зависи и од реакцијата, одговорите на Владата во однос на предизвиците. Тука е и имплементацијата на пакетите за поддршка на економијата, вклучитено и планот за инвестиции на вработените од Западен Балкан. Во претстојниот период за да се обезбеди долготраен инклузивен раст треба да се насочи кон подобрување на човечкиот капитал, но и кон подобри услуги, вклучително и трговијата, транспортот и логистиката, истакна Васало.

Координаторот на Меѓународната организација на трудот за Република Северна Македонија, Емил Крстановски, порача дека денес бизнис моделите се менуваат брзо и радикално, создавајќи потреба од поголема иновативност, прилагодливост и флексибилност кај креаторите на политиките, кај компаниите, но и организациите на работодавачи.

– Идентификуваме пет глобални трендови кои го обликуваат начинот на кој функционира бизнисот денеска, тоа се технолошките иновации, глобалните економски интеграции, демографските и генерациските промени, климатските промени и одржливоста и недостатокот на обучена работна сила.
Сите тие пет трендови влијаат на бизнисот без разлика на неговата големина, на секторот во кој делуваат или локацијата. Овие трендови претставуваат голема можност за организациите на работодавачите да ја засилат колективната моќ на бизнисот. Компаниите очекуваат од организациите на работодавачите да работат со креаторите на политики во обликување на новите норми, новите регулативи кои че создадат економија и општество кое е подготвено за иднината, истакна Крстановски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот