Битиќи: Актуелните протоколи важат до 15 мај, до тогаш нема свадби

крштевка веселба свадба забава журка прослава живели
Прослава / Фото: Архива на „Слободен печат“

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи ја отфрла можноста во овој момент да се дозволи организирање свадби во земјава и порачува дека актуелните протоколи за работа на угостителските објекти важат до 15 мај, кога ќе се ревидираат согласно препораките од Комисијата за здравство.

– Во овој момент очите се свртени кон Комисијата за здравство и тоа ни е единствената точка според која ги носиме економските одлуки. Со последната одлука на Владата им дозволивме на угостителските објекти кои се категоризирани за организирање настани да работат под истите услови како што работат и сите други угостителски објекти, а тоа е да работат на отворени тераси и според протоколите. Вчера зборувавме за евентуално дополнително прилагодување на протоколите за работа на оваа категорија на угостители, рече Битиќи во одговор на прашање по увидот на зафатната градба на Хидросистемот Злетовица за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци.

Се надевам, додаде, дека здравствената криза полека ќе спласне и ќе се намали притисокот кај здравствените работници и дури тогаш ќе може да зборуваме дали полека ќе се вратиме во нормалност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот