Билјана Јанкуловска: Проекциите на оперите и балетите во „Синеплекс“ се наш проект за душа

Киното Синеплекс во Скопје одржува проекции на познати опери и балетски претстави како дел од својата програма и со тоа ја збогатува културната понуда во градот.

Билјана Јанкуловска од маркетинг одделот на киното во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ најави дека на 29 февруари ќе биде прикажана операта „Агрипина“ во изведба на Метрополитен операта во Њујорк, а на 14 март, на програмата на „Синеплекс“ публиката ќе има можност да ја види операта „Летечкиот Холанѓанин“.

Од балетските претстави во „Синеплекс“, на 23 февруари ќе биде прикажана претставата „Лебедово езеро“ во изведба на Бољшој театарот во Мосва.

-Овој дел од програмата на „Синеплекс“ не го работиме заради профит, туку го нарекуваме проект за душа- рече Јанкуловска во „Утриски брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот