Бил Гејтс е скептичен за биткоинот, открива зошто не инвестира во криптовалути

Бил Гејтс / Фото: Профимедиа

Милијардерот и ко-основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, е еден од ретките бизнисмени од тој „калибар“ кои не поседуваат и не инвестираат во дигитални валути.

Гејтс објасни зошто не сака да инвестира во криптовалути, нагласувајќи дека повеќе сака да инвестира во работи со „резултати кои вредат“ и кои даваат одреден придонес во општеството, пишува Телеграф Бизнис.

– Сакам да инвестирам во работи кои имаат резултати. Вредноста на компанијата се заснова на тоа како прават одлични производи. Вредноста на криптовалутите е кога некое друго лице ќе одлучи некој друг да плати за тоа, така што не придонесува во општеството како другите инвестиции – изјави милијардерот, кој претходно спомена дека е скептичен за биткоинот.

Инаку, оваа изјава на Гејтс доаѓа во време кога криптовалутите паѓаат, но сепак, ситуацијата се подобрува последниве денови.

Агенциите јавуваат дека биткоинот забележал најголем раст во последните две недели.

Гејтс и претходно ги „предупреди“ луѓето да не инвестираат во криптовалути, особено оние со „помалку пари“, а противник на дигиталните пари е и неговиот добар пријател и познат инвеститор Ворен Бафет. Така размислува и Чарли Менџер, долгогодишниот соработник на Бафет, пишува Телеграф Бизнис.

ВИДЕО | Станковиќ: Криптовалутите не гарантираат анонимност туку псевдонимност

НОВ ТАРИФНИК: Само во високата тарифа, цените на струјата ќе зависат од потрошувачката

Босански електричар „копал“ криптовалути во трафостаница, потрошил струја за 10.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот