Бијонсе жртва на сексуално злоставување! Нејзиниот татко со солзи во очите раскажа што се случило (ВИДЕО)

профимедиа

Бијонсе Ноулс, кралицата на поп-музиката, според тврдењето на нејзиниот татко Метју Ноулс била жртва на сексуално злоставување.

Имено, таткото на една од најпопуларните пејачки проговори за лошата одлука што ја донел во почетокот на нејзината кариера.

Тој во почетокот на нејзината кариера во групата „Дестинис чајлд“ и’ беше менаџер, а сега одлучи на промоцијата на својата автобиографија да открие дека неговата ќерка и Кели Роланд биле жртви на сексуално злоставување.

Instagram

Наводно, инцидентот се случил во 2000-та година, кога девојките ги нападнале членовите на групата Jagged Edge со кои настапувале на заедничка турнеја.

– Тогаш Бијонсе и Кели беа малолетни, имаа 16 години, а момчињата имаа 21 и 22 години. Јас бев одговорен за девојките и морав да се грижам за нив – раскажал Ноулс и додал дека Кели и Бијонсе му кажале дека момчињата им додеваат.

Пред крајот на интервјуто, водителот го прашува како ја решил ситуацијата во која групата мажи се обидела да спие со неговата ќерка, на што тој одговора:

– Да не зборуваме за тоа пред камерите…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот