БиХ: Околу 4 илјади осомничени за воени злосторства чекаат процесуирање

Босанско знаме / Фото: Профимедиа

Таа рече дека повеќе од 800 лица биле обвинети и осудени на повеќе од 3.700 години затвор.

Околу 4.000 осомничени за воени злосторства остануваат да бидат процесуирани во Босна и Херцеговина, што ќе биде невозможна мисија без усвојување нова стратегија што вклучува трансфер на предмети за воени злосторства на пониските судови, изјави синоќа главниот обвинител на БиХ, Гордана Тадиќ

Учествувајќи во конференцијата на обвинителите во Мостар, таа рече дека досега е постигнат напредок во расветлување на вистината за војната.

Таа рече дека повеќе од 800 лица биле обвинети и осудени на повеќе од 3.700 години затвор.

– Остануваат уште 449 случаи од познати извршители; имаме повеќе од 4.000 лица за да се процесуираат или да ги завршат нивните случаи – рече Тадиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот