Бездомни кучиња искасале луѓе во Скопје, Прилеп и Битола

Три лица изминатото деноноќие биле искасани од бездомни кучиња.
Во Драчево бездомно куче каснал четириесет и двегодишен скопјанец.
„На 19.11.2023 во 16.40 часот во Полициската станица Драчево, С.Р.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник“.
Шеесетгодишен битолчанец бил каснат од куче скитник.
„На 19.11.2023 во 12.00 часот во СВР Битола, П.П.(60) од Битола пријавил дека на ул.„Пелистер“ бил каснат од куче скитник“.
Прилепчанец на пеесет и шестгодишна возраст бил мета на бездомно куче.
„На 19.11.2023 во ОВР Прилеп, А.Ш.(56) од Прилеп пријавил дека на локалниот пат помеѓу селата Дупјачани и Дреновци бил каснат од куче скитник“.