Без вода дел од корисниците од улица „Дренак” и булеварот „Јане Сандански”

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Поради уличен дефект од Ф-80 милиметри на улица „Дренак” број 16 во населба Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација” водоснабдувањето е во прекин од 11:45 часот и ќе трае до санирање на дефектот.

Воедно од претпријатието соопштуваат дека поради уличен дефект Ф-150 милиметри на Булевар „Јане Сандански” број 75 во населба Аеродром, без вода ќе бидат и корисниците од булеварот од број 83 до број 105.

Вводоснабдувањето е во прекин од 12:30 часот и ќе трае се до санирање на дефектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот