Без вода дел од Карпош

Без вода / Фото: Архива на „Слободен печат“

Поради дефект на затворач со пречник од 80 милиметри на улицата „Франклин Рузвелт“ бр. 50А, денеска од 9.00 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“ до крстосницата со улицата „Орце Николов“.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, корисниците ќе бидат без вода сѐ до завршување на работите за отстранување на дефектот.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, пак, информираат дека во среда на 27 јули поради уличен дефект на цевка со профил од 300 милиметри, лоциран на крстосницата меѓу улиците „Париска“ и „Хелсинки“, прекинато водоснабдување од 9.00 часот ќе имаат корисниците од улиците „Хелсинки“, „Париска“, „Варшавска“, „Ташкентска“, „Хаванска“ и „Мексичка“, како и зградите на булеварот „Партизански одреди” на потегот од улицата „Париска“ до улицата „Лондонска“. Корисниците ќе бидат без вода сѐ до санирање на дефектот.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот