Без струја утре делови од општините Центар, Карпош и Илинден

Без напојување со електрична енергија поради технички зафати во електро-системот на Град Скопје утре неколку часа ќе бидат корисниците од општините Центар, Карпош и Илинден.

Како што соопшти РЦУК по известување од „ЕВН Македонија” АД, од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Лазар Личеноски во близина на мостот „Гоце Делчев” во Општината Центар, во периодот од 13 до 15:30 часот корисниците од дел од ул.„Франце Прешерн”, а од 9 до 12 часот корисниците од дел од ул.„Варшавска” во Општината Карпош.

Од 9 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.„Џумајска” од бр. 1 до бр. 12, како и ул. „Миле Поп Јорданов” од бр. 29 до бр. 56 во Општината Карпош, а од 9 до 15 часот корисниците од ул. „Даме Груев” од бр. 2 до бр. 86 во населбата Илинден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот