Без струја утре делови од Ѓорче Петров и од три скопски села

струја

Дел од корисниците од улиците „Христо Батанџиев”, „Јосиф Ковачев” и „Мајски манифест” во општина Ѓорче Петров утре од 8 до 15 часот ќе немаат струја, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од ЕВН Македонија АД.

Од 9 до 14 часот без електрична енергија утре ќе бидат и дел од корисниците од село Мирковци во општина Чучер Сандево.

Од 9 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од „ул.1″ во село Булачани во општина Гази Баба, како и дел од корисниците од село Батинци на потегот од хотел „Беровиќ” до влезот во село Љубош во општина Студеничани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот