Без струја утре делови од четири скопски општини

Без струја
Струја / Фото: МИА

Гази Баба, Кисела Вода, Сарај и Ѓорче Петров се општините во кои одредени делови утре ќе останат без струја, информираат од ЕВН Македонија.

Како што стои во соопштението од ЕВН, во Гази Баба, без струја утре ќе биде дел од село Раштак со број 4, од 9 до 13 часот. Во Кисела Вода, од 9 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од корисниците од улиците Марко Цепенков, Киро Крстевски и дел од улиците Доситеј Обрадовиќ и Боте Боцевски.

Во Сарај, пак,  без струја од 8.30 до 10.30 часот ќе биде дел од село Грчец. Додека, пак, во Ѓорче Петров од 9.30 до 13.30 часот без струја ќе бидат дел од улицата Јосиф Ковачев, улицата Ѓорче Петров, зградите бр 35 и бр. 33, како и делови од улиците Смојлане, Сагудати, Штросмаерова, Даутица, Социјалистичка зора зградите бр. 18, бр. 40, бр. 27, бр. 13 и бр. 15.

Од ЕВН велат дека прекинот на струја е поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот