Бесир Алили загуби во квалификациите на Светското првенство во борење

Македонскиот борач Бесир Алили/фото: facebook/Besir Alili

Денеска продолжуваат возбудувањата на Светското првенство во борење, кое се одржува во Белград, Србија.

Во категоријата до 61 килограм својот настап го имаше македонскиот борач Бесир Алили кој во квалификациите загуби со 11:1 од Иранецот Реза Ахмадали Атринагнархи.

На СП ќе настапи уште еден наш натпреварувач, кандидат за освојување на медал, Могамедгаџи Нуров.

Нуров во категоријата до 97 килограми ја прескокнува квалификациската рунда и е директно сместен во осминафиналето во кое ќе ги одмери силите против Кинезот Мухеите Туерксунбиеке.

Европскиот шампион Владимир Егоров беше елиминиран во осминафиналето во категоријата до 57 кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот