Бесими: Реализација на капиталните расходи во првиот квартал подобра од лани за 51,5 отсто

Фатмир Бесими / Фото: Министерство за финансии

Реализацијата на капиталите расходи во првиот квартал е подобра во однос на тој период лани. Во првите три месеци имаме вкупна реализација од 19,5 отсто, што е за 51,5 отсто повеќе од тој период лани, оцени министерот за финансии Фатмир Бесими кој рече дека веќе се применува и новиот Механизам наречен КАПЕФ за реализација на капиталните инвестиции и дека кај оние буџетски корисници кај кои не е реализиран предвидениот минимум од 15 отсто се резервирани предвидените средства.

– Од јануари до април вкупната реализација на капиталните расходи е 19,5 отсто, но ако се спореди со тој период од минатата година тие се повисоки за 51,5 отсто, рече министерот кој додаде дека има добра реализација на приходите, што, според него, е исклучително важно во овој период кога се уште трае пандемијата.

Посочи дека во првиот квартал некои министерства имаат реализација и над 15 отсто, некои 25 отсто од планираното, а некои и повеќе и оцени дека реализацијата во овој период е подобра во однос на минатата година, но дека постојат и други мехаинизми на кои треба да се работи, а тоа не е само реализацијата туку и квалитетот на капиталните расходи.

Посочи дека кај оние корисници со послаба реализација веќе се алоцирани, односно резервирани, во рамки на истите буџетски корсници и доколку во вториот квартал има подобрување тие средсва ќе се вратат на капиталите позиции за да ја подобрат реализацијата на капиталните инвестиции.

Потенцира дека не е целта со механизмот казна или награда, туку подобра и поефикасна реализација на буџетските средства за капитални расходи.

– Не се работи за казна, туку за подобрување на планирањето. Секој буџетски корисник знае дека се резервирани средствата ако се под таргетот од 15 отсто за првиот квартал, вториот 40 и третиот 65 отсто од вкупни планираните во текот на годината. Министерствата ги имаат тие средства, но во посебна ставка се резервирани и тоа помага на ниво на целиот буџет така што од тие што помалку реализирале ќе се реалоцираат средствата таму каде има побрза реализација, појасни министерот за финансии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот