Бертолини во посета на Гостивар, разгледани можностите за придобивки од ИПА фондовите

Раководителот на Одделот за соработка во Европската делегација, Никола Бертолини денеска беше во посета на Општина Гостивар, каде оствари работна средба со градоначалникот Арбен Таравари.

Од службата за информирање на општината наведуваат дека Таравари на средбата го информирал Бертолини за работата во локалната самоуправа. При тоа, Таравари ги истакнал достигнувањата и предизвиците со кои се соочува Општина Гостивар во изминативе три години.

Беротилини во разговорот го известил градоначалникот за јавните повици кои се однесуваат на ИПА фондовите и можностите Општина Гостивар да се пријави на нив. Меѓу другото, тој посебно ги акцентирал проектите поврзани со подобрување на статусот на ромската заедница.

На средбата покрај поблиските соработници на градоначалникот присуствуваа и претставници на ромската заедница која живее во гостиварската општина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот