Берлин ја доби првата градоначалничка

Новата градоначалничка на Берлин, Франциска Гифи/ Фото EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Германските социјалдемократи (СПД) победија на регионалните избори за управување со државната влада во Берлин, според привремените резултати, што значи дека нивната кандидатка Франциска Гифи ќе стане првaта градоначалничка на германската престолнина, пренесува Ројтерс.

Претходно таа беше министер

43 -годишната Гифи, која претходно беше министер за семејство на канцеларката Ангела Меркел во националната влада, ќе ја преземе функцијата градоначалник од СПД, Мајкл Милер, откако одлучи да не се кандидира повторно.

СПД освои 21,4 проценти од гласовите, нешто помалку од 21,6 проценти што ги освои во 2016 година, додека гласовите на Зелените пораснаа на 18,9 проценти од гласовите од 15,2 проценти пред пет години, а екстремно левичарскиот Линк доживеа пад од 15,5 на 14 проценти. Се чини дека СПД ја продолжува сегашната коалиција во Градското собрание со Зелените и партијата Линк.

Гифи, која некогаш се сметаше за кандидат за национално раководење со СПД, поднесе оставка на функцијата министер во мај по скандалот со плагијат на нејзината докторска дисертација.

На Германија и претстои долг пат до нова влада

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот