Белоруската опозиционерка Тихановскаја оди во самоизолација

Фото: EPA-EFE/TATYANA ZENKOVICH

Лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја ќе оди во самоизолација и ќе се тестира од коронавирус, зошто претходно оваа недела се состанала со министер за надворешни работи Анже Логар, кој во меѓувреме е тестиран позитивен.

-Ова нема да е пречка за работата на нејзиниот тим, рече портпаролката на Тихановскаја, Ана Красулина.

Во Литванија, каде живее Тихановскаја од август кога после немирите по претседателските избори побегна од Белорусија, задолжителна е 14-дневна самоизолација за секој кој бил во контакт со некое лице кое било позитивно тестирано на коронавирус.

Министрите за надворешни работи на Естонија, Летонија и Литванија исто така заминуваат во самоизолација по состанокот со словенечкиот колега Логар претходно оваа недела, пренесе Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот