Белград како најпривлечна дестинација: Над 20.000 македонски туристи ја посетиле Србија во 2020 година

Фото: МИА

Поради пандемијата со ковид-19 во 2020 година, Србија забележа голем пад на бројот на посети од странски туристи и достигна ниво од само 24,9 отсто во споредба со претходната година, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика (РЗС).

Според официјалната статистика, меѓу вкупно регистрираните 424.479 странски туристи во периодот од јануари до ноември лани, повеќето се државјани на БиХ – 49.253. Според бројноста, следуваат туристи од Бугарија (26.241), Хрватска (26.216) и Црна Гора (24.693), а над 20.000 посети имале само државјаните на Германија (23.812), Турција (23.683) и Северна Македонија (20.452).

Вкупниот број на ноќевања на странските туристи во периодот од 1 јануари до 30 ноември во 2020 година, изнесува 32,1 отсто во споредба со истиот период во минатата година.

Кога станува збор за омилените дестинации на странските туристи во Србија, на прво место е Белград, кој минатата година го посетил секој втор турист од странство (217.961). Следува Нови Сад со 32.275 и Златибор со 20.722 посети, потоа Ниш (20.421) и Копаоник (17.665).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот